Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 160.988 статии на македонски јазик и 340 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 29 април 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1429  Јованка Орлеанка на чело на неколку стотици Французи ги победила англиските освојувачи и го зазела градот Орлеан.
1672  Кралот Луј XIV извршил инвазија на Холандија.
1861  По предлог на епископот Јосип Јурај Штросмајер, Собранието на Хрватска донело одлука за основање на Југословенска академија на науките и уметностите како матична културно-научна установа на сите Јужни Словени.
1945  Втора светска војна: германските окупациски сили во Италија безусловно капитулирале пред Сојузниците.
1968  МјузиклотКоса“ — претставително дело на хипи-движењето и пацифизмот бил премиерно прикажан на Бродвеј во Њујорк, САД.
1997  Во Луксембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишале спогодбата за соработка.
1999  При бомбардирањето на НАТО на СР Југославија била урната највисоката зграда во земјата — телевизиската кула (203 м) на планината Авала, близу Белград.
2005  Сирија целосно се повлекла од Либан, окончувајќи ја 29-годишната окупација.
2011  Британскиот принц Вилијам се венчал со неговата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон.

Родени:

1519  Тинторето — италијански сликар.
1769  Артур Велсли Велингтон — британски генералисимус од Наполеоновите војни.
1818  Александар II Николаевич Романовруски цар.
1854  Жил Анри Поанкаре — француски математичар, физичар и филозоф.
1863  Константин Кавафи — грчки поет.
1899  Алдо Нади — италијански мечувалец.
1899  Дјук Елингтон — американски џез пијанист, композитор и водач на оркестар.
1901  Хирохито — јапонски цар.
1907  Фред Синеман — американски филмски режисер.
1925  Ивао Такамото — американски аниматор на цртани филмови.
1933  Вили Нелсон — американски пејач, глумец и писател.
1936  Зубин Мехта — индиски диригент.
1940  Питер Дајмонд — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
1947  Владимир Милчин — македонски театарски режисер.
1947  Иван Јевтиќ — српски композитор и член на САНУ.
1948  Михаел Кароли — германски рок-музичар.
1964  Џеј Рамадановски — српски фолк-пејач.
1970  Андре Агаси — американски тенисер.
1984  Михал Голаш — полски велосипедист.
1989  Александар Маренич — руски фудбалер.
1989  Домагој Вида — хрватски фудбалер.
1998  Тими Макс Елшник — словенечки фудбалер.

Починале:

1898  Илија Марков Малешевски — македонски ајдутски војвода.
1916  Јорген Грам — дански математичар.
1933  Константин Кавафи — грчки поет.
1947  Ирвинг Фишер — американски економист.
1951  Лудвиг Витгенштајн — австриско-британски филозоф.
1967  Ентони Ман — американски филмски глумец и режисер.
1980  Алфред Хичкок — британски филмски режисер.
1993  Мик Ронсон — англиски рок-гитарист.
2006  Џон Кенет Галбрајт — канадско-американски економист.
2017  Џонатан Дем — американски филмски режисер.
2019  Џон Синглтон — американски филмски режисер.
2020  Ирфан Кан — индиски глумец.
2024  Михајло Фоменко — украински и советски фудбалер и тренер.
2024  Зоја Зелинска — руска глумица.
2025  Мајк Питерс — велшки рок-музичар, член на групата Аларм.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Обичен шакал (Canis aureus) во Националниот парк Џим Корбет, Индија.
Дали сте знаеле...


Сив сокол во лет
Сив сокол во лет


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 160.988 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич